1. Име, Цел и Намера
Член 1.1 Под името „Културно- Хуманитарно Друштво ОКТИСИ/09“ постои едно друштво според Членот 60 ff. ZGB (Закон за друштва на Швајцарија).
Член 1.2 Друштвото се залага за унапредување на културни, еколошки, хуманитарни и меѓучовечки односи.
Член 1.3 Не постои намера за финансиска и материјална добивка и друштвото не работи за профит.
2. Членство и Финансирање
Член 2.1 Секое општествено и правно лице без разлика на вера и национална припадност, кој го прифаќа статутот и ги поддржува целите на друштвото, може да постане член.
Член 2.2 Член може да се постане во секое време со плаќање на одредената висина на членарината. Членарината важи за годината во која е уплатена освен ако е експлицитно наведено за која година.
Член 2.3 Висината на членарината се одредува годишно на годишното собрание.
Член 2.4 Друштвото за својата одговорност, одговара само со својот имот.
Член 2.5 Членството е зависно од уплатената членарина во тековната година.
Член 2.6 Друштвото се финансира со:
а) членарина
б) доброволни прилози, поклони, спонзорства
в) добивки од активности
3. Органи
Член 3.1 Органи на друштвото се:
а) Генерално собрание
б) Управен одбор
в) Одбор
4. Годишно собрание, одржување и негови надлежности
Член 4.1 Најмалку еднаш на три години се одржува генерално собрание.
Член 4.2 Собранието како највисок орган ги извршува следниве работи:
а) Го прифаќа годишниот финансиски извештај
б) Избор на управен одбор
в) Одредување на членарина
г) Одлуки и дискусии по прашања на членовите
д) Измена на статутот
ѓ) Распуштање на друштвото
Член 4.3 Одржување на вондредно собрание :
а) По барајне на повеќе од половина од членовите
б) По одлука на управниот одбор
Член 4.4 Членовите за годишното собрание се покануваат најкасно 14 дена пред одржување на собранието и тоа писмено и со подготвен дневен ред.
Член 4.5 Барања околу одржувањето (измена на дневен ред или посебни теми за расправа) за на годишното собрание мора писмено до претседателот да се поднесат најкасно 7 дена пред одржување на собранието.
Член 4.6 На годишното собрание се покануваат сите членови кои ја измириле членарината за изминатата година.
Член 4.7 Секој член на друштвото има право да гласа, да избира и да биде избран (вклучувајќи ги и членовите на управниот одбор, на другите тела како и почесните членови на друштвото).
Член 4.8 Одлуки на годишното собрание се донесуваат со мнозинство од присутните членови.
Член 4.9 Измена на статутот може да се донесе на редовно или вонредно собрание со 2/3 мнозинство од присутните членови. Барање за измена на статутот мора да се достави со поканата за годишното собрание (со дневниот ред).
5. Управен одбор
Член 5.1 Управниот одбор се состои од минимум 3 члена, председателот и минимум 2 други избрани члена (претседател, подпретседател, советници, секретар, благајник и членови).
Член 5.3 Мандатот на членовите на управниот одбор важи три години. Можен е и повторен избор.
Член 5.4 Претседателството ги врши сите работи освен тие што се во надлежност на годишното собрание.
Член 5.5 Член на управниот одбор може да биде исклучен од управниот одбор со едногласна одлука на другите членови, и да биде заменет со друг од членовите на одборот исто така со едногласна одлука од одборниците.
Член 5.6 Управниот одбор може да формира работни групи. Ако со тие работни групи не раководат членови на управниот одбор, можат тие со покана од управата да учествуваат на неговите седници со право на глас како советници.
Член 5.7 Потписници на банкарските сметки се две лица: Благајникот и едно лице од управниот одбор или по одлука на годишното собрание.
6. Одбор
Член 6.1 Одборот се состои од минимум 7 члена.
Член 6.2 Членовите на одборот ги избира одборот по предлог на управниот одбор према потреба.
Член 6.3 Покрај другите членови, членовите на управниот одбор се и членови на одборот.
Член 6.4 Членовите на одборот имаат задача да се активни и да работат за доброто на друштвото и да ги спроведуваат задачите доделени од управниот одбор било да се во групи или поединечно, според своите психофизички способности.
Член 6.5 Членовите на одборот имаат право да ги потврдуваат или поништуваат одлуките на управниот одбор, да донесуваат идеи и да предлагаат подобри решенија за раководење со работни групи кои ги формира управниот одбор.
Член 6.6 Одлуките во одборот се носат со мнозинство од присутните членови.
Член 6.7 Одборник кој не е активен и незаинтересиран за извршување на задачите поставени од управниот одбор, може да биде исклучен од одборот од страна на одборот по предлог на управниот одбор со претходна усна или писмена опомена.
Член 6.8 Член на одборот кој раководи со некоја група, проект или активност може да учествува во работата на управниот одбор со дозвола од управниот одбор ако се работи за теми кои се од областа на таа активност.
7. Ограноци на КХДО/09
Член 7.1 Друштвото може да формира ограноци и во други држави по одлука на управниот одбор.
Член 7.2 Сите формирани ограноци се обврзани да работат по статутот на КХДО/09.
Член 7.3 За секој пројект или одлука треба да се комуницира со управниот одбор на КХДО/09.
Член 7.4 Надлежноста за секоја не адекватна одлука на ограноците ја има управниот одбор од КХДО/09. Одлуката може да биде изменета или поништена.
Член 7.5 Висината на членарината се одредува годишно на годишното собрание од секој огранок.
8. Хонорар или награда за работата на членовите на органите на друштвото
Член 8.1 Сите членови на органите на друштвото работат без хонорар (за чест).
Член 8.2 Членовите на органите на друштвото се обврзани да работат во интерес на друштвото во рамките на своите психофизички способности.
Член 8.3 На заслужни или истакнати членови кои посебно се залагале за друштвото, управниот одбор на крајот од годината може да ги награди и тоа: почесен член, благодарница, ваучер и на други скромни начини.
9. Распуштање на друштвото
Член 9.1 За распуштање на друштвото потребна е петиција со потписи од 4/5 од членовите на друштвото.
Член 9.2 Во случај на распуштање на друштвото, на генералното собрание се одлучува за распределба на имотот.
Член 9.3 Доколку друштвото се распушти, ослободените финансиски средства ќе се користат исклучиво за добротворни цели.
10. Разно
Член 10.1 При промена на статутот на КХДО/09 треба сите членови да бидат информирани. Во несогласност, сите членови имаат право во рок од десет дена да се обратат во писмена форма до претседателот на КХДО/09.
Член 10.2 Целокупната администрацијата се состои во еден систем на КХДО/09.
Член 10.3 Содржината на сите публикации, не смее да биде во религиска или политичка форма.
Член 10.4 Сите текстови ќе се пишуваат според официјалната азбука на јазикот.
Ревизија извршена на ден: Голдах, 25.05.2014
Управа КХД ОКТИСИ/09 Претседател: Емир Дервишоски