Второ Собрание на „КХД ОКТИСИ/09“

5та годишна конференција на иселеничките организации
25. July 2014
Соработката основа за успешно живеење
15. January 2015

На ден 09.02.2014 година  „КХД ОКТИСИ/09” во пицеријата Фонтана Голдах го одаржа своето второ Собрание од своето формирање во 2009 година. Собранието беше организирано со цел и еден јубилеј 5-Години од своето формирање. За ова свеченост писмено покрај што се поканија сите членови исто така се поканија сите други наши соселани кои живеат во Швајцарија. Во ова прилика во името на друштвото им се извинуваме на сите оние кои не добиле писмена покана поради немање соодветна адреса.

Мораме да бидеме објективни и да кажеме дека оѕивот навистина беше многу премал. Тоа зборува за нашата незаинтересираност за самите нас, нешто да промениме што ćе ни биде од заеднички интерес. Треба да сме свесни дека ништо нема да ни дојде на готово додека не го сработиме и не се организираме.

Без разлика на нашиот слаб интерес друштвото и понатака во рамките на своите можности ќе ја шири вистината и само вистината дека организираноста е универзална Аллахова законитост и единсвениот рецепт за успех и добробит во живот. Па затоа и друштвото треба да ни биде наша гордост и основа да се организираме во сите сфери од животот. Навистина уживање и најголемо задоволство во животот е ако сме организирани. А оној кој човекот па и нас не тера да бидеме неорганизирани е нашиот најголем непријател – шејтанот. Тој ни приогја од сите страни и се гордее и ужива кога сме неорганизирани и во хаос. Само организирани има да му ги скратиме нозете и да му го отежниме неговиот пристап до нас. Во спротивно ќе бидеме само изгубени и обични играчки во неговите раце.

Собранието го отвори преседателот на друштвото Мислим Имероски кој во лично име и во име на друштвото се заблагодари на управниот одбор , на сите членови и симпатизери кои го помагаа друштвото како во мирни така и бурни времиња во изминатите пет години. Во своето обраќање и покрај малата присутност не го криеше своето задоволство што друштвото постои веќе пет години. Потоа даде една анализа за све што друшвото направи за изминатите години. После уводното излагање на преседателот збор добија и членовите на управниот одбор кој секој на свој начин зборуваше за работата на друштвото.

Иако првобитната замисла беше во управниот одбор да се извршат промени со нови сили кој ќе го искажат своето знаење , потенцијал и ентузијазам. Сепак поради малиот број на присутни се направија такви промени кој одговараа на објективните услови.

На ова второ Собрание се изабра нов управен одбор со нов преседател, секретар, благајник, советници и членови на одборот.

За нов преседател е изабран Емир Дервишоски.

Исто така ради ова пригода петгодишнина од друштвото на некои членови им се доделија благодарници за својот придонес за пет годишната работа во друштвото.

На крајот на новото раководство им се честита изборот со желба за понатамошна успешна работа.

Се надеваме дека време е да сите заедно се соочиме со секојдневните искушенија со кои се среćаваме.

Заедно сме појаки!!!

Со почит
„КХД ОКТИСИ/09”