5та годишна конференција на иселеничките организации

Хуманитарност на дело !
14. July 2014
Второ Собрание на „КХД ОКТИСИ/09“
15. January 2015

На 23/24 Јули 2014 година се одржа петтата годишна конференција на македонските организации од дијаспора во министерството за надворешни работи во Скопје.

Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 со седиште во Рорсчач беше за прв пат покането на оваа конфереција на која учествуваа разни организации и друштва од сите континенти на светот. Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 беше застапено од првиот претседател и почесен член на КХДО/09 Мислим Имероски и претседателот на огранокот на КХДО/09 од Октиси Вадедин Имероски.

Се разговараше за многу бројни друштвени и политички теми и беа дадени разни информации, како неговање на македонскиот јазик, организирање и поврзување на друштвата и организациите од дијаспора. Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 реализира многу бројни значајни и грандиозни хуманитарни пројекти од неговото формирање до ден денес, па и затоа стои пред вратата за доделување на најголемата награда за заслужни здруженија во дијаспора.

Мислим Имероски имаше прилика на таа коференција да се сретне и лично да разговара со македонскиот претседател Гјорге Иванов. Имероски му ја претстави работата и хуманитарните пројекти кои друштвото досега успешно ги реализира. Претседателот беше горд на таа информација. Мислим Имероски и Вадедин Имероски исто се сретнаа и со македонскиот амбасадор од Берн Екрем Ебиби. каде водеа пријателски и блиски разговори. Со тоа и се продлабочи односот помегју КХДО/09 и амбасадорот господин Екрем Ебиби.

КХДО/09 ке продолжи и во иднина со иста динамика да остварува значајни пројекти од хуманитарен карактер и да прави доброчинсто таму каде е неопходно.