Засигурно нема ништо повозвишено за секој еден човек од тоа да биде во служба на хуманитарноста, да биде во можност да помага. Тоа е нешто што го исполнува човековото битие од секој аспект за да може понатака да се осмислува животот.
Благодарение на сите членови и симпатизери кои помагаат да опстојува друштвото, благодарение на управниот одбор кој во секое време се става на располагање за интерес на друштвото, како и благодарение на врските што предходниот преседник Мислим Имероски ги има со Болниците во Швајцарија на ден 15.02.2014 друштвото реализира една голема хуманитарна акција:
Доделување Болнички кревети и друга медицинска опрема за Болниците од нашите родни краеви.
Во ова прилика друштвото се заблагодарува на Кантонсспитал Ст. Галлен која хуманитарно и бесплатно ги додели сите кревети и медицинска опрема на друштвото „КХД ОКТИСИ/09”.
Плаќањето на превозот и транспортот на ова драгоцена опрема која ćе служи за сите пациенти целосно го презеде друштвото „КХД ОКТИСИ/09”.