5та годишна конференција на иселеничките организации
25. July 2014Засигурно нема ништо повозвишено за секој еден човек од тоа да биде во служба на хуманитарноста, да биде во можност да помага. Тоа е нешто што го исполнува човековото битие од секој аспект за да може понатака да се осмислува животот.
Благодарение на сите членови и симпатизери кои помагаат да опстојува друштвото, благодарение на управниот одбор кој во секое време се става на располагање за интерес на друштвото, како и благодарение на врските што предходниот преседник Мислим Имероски ги има со Болниците во Швајцарија на ден 15.02.2014 друштвото реализира една голема хуманитарна акција:
Доделување Болнички кревети и друга медицинска опрема за Болниците од нашите родни краеви.
Во ова прилика друштвото се заблагодарува на Кантонсспитал Ст. Галлен која хуманитарно и бесплатно ги додели сите кревети и медицинска опрема на друштвото „КХД ОКТИСИ/09”.
Плаќањето на превозот и транспортот на ова драгоцена опрема која ćе служи за сите пациенти целосно го презеде друштвото „КХД ОКТИСИ/09”.